Достапни линкови

Спречено апсење на 90 припадници на турската војска


Главниот обвинител на Истамбул ја спречи турската полиција да уапси деведесетмина припадници на војската , осмничени за наводно планирање на преврат во 2003 година. Ајкут Ченгиз Енгин изјави дека ги заменил двајцата помлади обвинители, кои во понеделникот наредиле полициска акција во четиринаесет провинции. Според официјални извори, во акцијата биле приведени осумнаесетмина официри. Тие наводно биле уапсени пред издавање на наредбата на обвинителството.
XS
SM
MD
LG