Достапни линкови

logo-print

Филе: Турција и Ерменија да продолжат со разговорите


Комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе апелираше до турските власти да ги продолжат напорите за смирување на односите со Ерменија. Добрососедските односи се клучни за секоја земја која сака да пристапи кон Унијата, рече Филе на прес конференција во Јереван, главниот град на Ерменија. Тој додаде дека ЕУ ќе им помогне на двете страни во придвижување на разговорите. Турција и Ерменија во октомври се согласија да воспостават дипоматски односи по децениски спор за масакрите на ерменците во отоманската ера.
XS
SM
MD
LG