Достапни линкови

logo-print

Јанукович распушти две тела за евроатлански интеграции


Украинскиот претседател Виктор Јанучович го распушти државното тело одговорно за надгледување на пристапот на земјата кон НАТО. Одлуката на претседателот е објавена во декрет, достапен на неговата интернет странца. Постапката на Јанукович е во согласност со неговата изјава, дека Северноатланската алијанса на чело со Соединетите американски држави веќе не е на агендата. Со друг декрет Јанукович ја стопираше работата на друго тело кое имаше за задача да го надгледува напредокот на Украина при евро-атланските интеграции. И покрај тоа што двете тела реално немаа големо влијание врз политичката реалност во земјата, одлуката за нивно затворање би требало да биде добредојдена од руските власти.
XS
SM
MD
LG