Достапни линкови

Закажани парламентарни избори во Британија


Британскиот премиер Гордон Браун најави дека во Британија ќе бидат одржани парламентарни избори на шести мај. Премиерот ги најави изборите по посетата во палатата Бакингхем, каде побара дозвола од кралицата да го распушти парламентот. Состојбата на националната економија би требало да биде главното прашање за време на изборите, први во земјата по 2005 година. Резултатите од анкетите покажуваат дека опозициската конзервативна партија води пред левицата која е на власт веќе тринаесет години.
XS
SM
MD
LG