Достапни линкови

Буџетската дупка се продлабочува?


Се помалку пари во државната каса
Се помалку пари во државната каса

На денешната аукција владата ќе понуди државни записи во вредност од 2,7 милијарди денари со каматна стапка од 4,99 проценти. Според опозицијата, буџетската дупка во првите два месеци годинава е три пати поголема од лани, а за нејзино покривање веќе почнала да се „топат“ и државните депозити во НБМ. Бизнисмените пак бараат владата да престане да се задолжува внатрешно за да останат пари во стопанството

Бизнис заедницата апелира државата да не се задолжува кај банките, за да може да останат повеќе пари за стопанството. Мирче Чекреџи од Стопанската комора на Македонија вели дека од Владата добиле ветување дека задолжувањето преку продажба на државни
И ако недостасуваат пари во буџетот за расходите, треба да се оди на ребаланс на буџетот, т.е. да се намали буџетот
записи во наредните месеци ќе се сведе на мимимум. Чекреџи вели дека тој процес не може да се прекине одеднаш, додавајки дека сето тоа може да има импликации, но дека сепак Владата не треба да се задолжува кај банките.

„И ако недостасуваат пари во буџетот за расходите, треба да се оди на ребаланс на буџетот, т.е. да се намали буџетот.“

На денешната аукција што ја организира Министерството за финансии се понудени државни записи во вредност од 2,7 милијарди денари со каматна стапка од 4,99 проценти. Државата овие пари ќе треба да ги врати во наредните шест месеци. Заклучно со втори март кога беше последната аукција на шестмесечни државни записи, државата во хартии од вредност чува околу 208 милиони евра.
Еден извор е задолжувањето во земјата преку издавање државни хартии од вредност и со последниот повик за задолжување за 2,7 милијарди денари владата всушност сака да го покрие износот од порано издадени хартии од вредност што доспева во април. Втор извор е задолжувањето во странство и третиот извор за кој владата многу малку зборува се депозитите кај НБМ и тие започнаа да се топат

Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски вели дека состојбата со буџетот станува многу сериозна, бидејќи само во првите два месеци од годината, е направена „дупка“ од 66 милиони евра што е трипати поголема во споредба со истиот период лани. А тој дефицит мора некако да се прикрива. Еден од начините е со издавање на државни записи.

„Еден извор е задолжувањето во земјата преку издавање државни хартии од вредност и со последниот повик за задолжување за 2,7 милијарди денари владата всушност сака да го покрие износот од порано издадени хартии од вредност што доспева во април. Втор извор е задолжувањето во странство и третиот извор за кој владата многу малку зборува се депозитите кај НБМ и тие започнаа да се топат.“

Власта не ја исклучи можноста кон средината на годината да се задолжи и надвор, со емитување на нова еврообврзница. Еврообврзницата ја најави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски пред своите европски колеги на словенечкиот самит во Брдо. Потоа министерот за финсии Зоран Ставрески изјави дека откако ќе се направат подготовки , ќе се анализира состојбата на меѓународните финансиски пазари и ќе се опипа пулсот на можните купувачи, кон средината на годината или втората половина може да се издаде еврообврзницата.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG