Достапни линкови

Турската полиција приведе уште офицери поради заговор за преврат


Турската полиција спроведе голема акција за приведување на воени офицери во врска со тврдењата за обид за преврат од 2003 година, а медиумите тврдат дека бројот на приведените варира од 14 до 86 лица.
Во акцијата, извршена во понеделникот, полицијата приведе најмалку 14 пензионирани офицери, меѓу кои и неколку генерали, тврдат медиумите. Полицијата не можеше да уапси уште десетици други, бидејќи беше спречена од главниот обвинител на Истанбул Ајкут Ченгиз Енгин, кој презема активности за отстранување од должноста на двајца помлади обвинители, кои дале наредба за изведување на полициската акција, пишуваат весниците. Владеачката Партија на правдата и развојот, во чии корени на делување лежи политичкиот ислам, се обидува да протурка уставни реформи, кои, според критичарите, го нарушуваат секуларниот поредок, што се темели врз воениот и судскиот систем.
XS
SM
MD
LG