Достапни линкови

Лавров - Москва може да се повлече од нуклеарниот договор со САД!


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва го задржува правото да се повлече од нуклеарниот договор со Соединетите Држави кој двете страни треба да го потпишат во четврток во Прага. Причина за тоа, според Лавров, може да биде американскиот план за ракетна одбрана кој предизвикува тензии меѓу двете земји. Според Вашингтон, целта на анти ракетната одбрана во Европа е заштита од потенцијални напади од Блискиот Исток, пред се од Иран, додека за Москва тоа има влијание врз безбедноста на Русија.
XS
SM
MD
LG