Достапни линкови

Висока делегација од САД и ЕУ во Сараево


Високи претставници на Европската Унија и на Соединетите Американски Држави денеска ќе пристигнат во Сараево, каде што ќе се сретнат со лидерите на Босна и Херцеговина. Тие, како што јавуваат новинските агенции, ќе побараат прифаќање на декларација која се однесува на уставните измени. Состанокот се одржува во организација на американскиот заменик-државен секретар, Џејмс Стајнберг и шефот на шпанската дипломатија, Мигел Анхел Моратинос. Декларацијата е изработена од Шпанија, актуелниот претседавач во Европската Унија.
XS
SM
MD
LG