Достапни линкови

Албанската опозиција повика на антивладини протести


Опозициската албанска Социјалистичка партија ги повика граѓаните на антивладини протести, против кражбата на гласови на минатогодишните избори и лошото управување со економијата во земјата на премиерот Сали Бериша. Социјалистите планираат да одржат митинг на 30 април во Тирана. Тие имаат 65 места во Парламентот, а Бериша и неговите сојузници 75. Европската Унија предупреди дека политичката криза во Албанија може да им наштети на евроинтеграциските аспирации на земјата.
XS
SM
MD
LG