Достапни линкови

САД: загрижувачка состојбата во кубанските затвори


Соединетите Американски Држави побараа од Куба да ја подобри состојбата во затворите низ земјата. Портпаролот на Стејт Департментот Филип Кроули изјави дека тие се загрижени за пренатрупаноста во затворите, хигиената и недостигот од вода за пиење, како и за затворањето на околу 200 политички затвореници. Новинарот Гилермо Фаринас, кој штрајкува со глад поради монополот на кубанските власти врз медиумите, изјави дека е подготвен да умре. Тој го започна штрајкот по смртта на Орландо Запата на 23 февруари со цел да бидат променети условите во затворите. Кубанските власти ги оценија неговите барања како уцена и најавија оти тие нема да бидат исполнети.
XS
SM
MD
LG