Достапни линкови

logo-print

САД незадоволни од коментарите на Карзаи


Официјален Вашингтон изрази загриженост од последните коментари на претседателот на Авганистан Хамид Карзаи. Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс рече дека антизападните коментари на Карзаи се „генерално загрижувачки“. Американскиот претседател Барак Обама го посети Карзаи минатата недела. По завршување на посетата, во недела Карзаи ги обвини странските државјани за учество во изборни фалсификати. И покрај тоа што подоцна авганистанскиот претседател телефонски разговараше со американскиот државен секретар Хилари Клинтон, тој подоцна изјави дека лидерите во Авганистан не треба да бидат „марионети“, додавајки дека владините службеници не смеат да дозволат „странци да им се мешаат во работата“.
XS
SM
MD
LG