Достапни линкови

logo-print

Пропаѓаат вредни историски објекти во Дебар


Дебар

Дебар

Поради недостиг на финансиски средства во Дебар, пред целосно руинирање се повеќе значајни културно историски објкти кои беа белег на градот во минатото. Градот, во изминатите декади изгуби повеќе вредни староградски станбени куќи, но и оние кои останаа постепено се руинираат.

Поради недостиг на финансиски средства во Дебар пред целосно руинирање се повеќе значајни културно историски објкти кои беа белег на градот во минатото. Градот во изминатите декади изгуби повеќе вредни староградски станбени куќи, но и оние кои останаа постепено се руинираат. Слична е состојбата и со сакралните објекти кои ги има во изобилство и по кои Дебар како таков се распознавал во минатото.
Пропаѓаат повеќе стари станбени објекти односно староградски куќи, но и други сакрални објекти, како што е стариот Амам кој е во мошне тешка состојба за што е добиена подршка од Министерството за култура и другите институции за подготовка на проектот

„Според актуелната односно сегашна состојба се оценува дека повеќе од десет објекти од големо значење се во тешка состојба и се веќе во состојба на руинирање. Општината Дебар презема мерки во рамките на своите можности за нивна санација и тоа преку подготвување на проекти, но исто така се преземаат и активности на надлежните институции да им се укаже на потребата од законска заштита аа овие објекти“, објаснува одговорниот за оваа проблематика во одделението за урбанизам, архитектот Газменд Цами.

Според него, се преземаат големи напори да се спаси стариот познат дебарски Амам кој е во стариот дел на градот.

„Пропаѓаат повеќе стари станбени објекти, односно староградски куќи, но и други сакрални објекти, како што е стариот Амам кој е во мошне тешка состојба, за што е добиена подршка од Министерството за култура и другите институции за подготовка на проектот, а објектот би се користел за центарот за мултимедијални активности.“

И покрај тоа што се преземаат нагласени активности, сепак во последните 15-тина години се реконструирани само два објекти, а тие се многу малку во споредба со големиот број на значајни културно-историски објекти кои ги има во општината.

„Спасени се само два објекти, а тоа се новиот Амам во центарот на градот и една куќа со староградска архитектира, односно куќата на семејството на Сакип Села на улица ,Здравко Чочковски. Тие проекти за реконструкција беа подржани како проекти на општината од страна на Светската банка во рамките на проектите за развој на културата во општините“, нагласува Цами.

Стартот на пилот проектот што го нуди во последно време Советот на Европа преку Министерството за култура на Македонија за санација и реконструкција на значајни културно историски објекти во дебарско реканскиот регион за заштита на наследството и добивање на економски ефекти од него, дава надежи дека дел од објектите кои пропаѓаат сепак ќе се заштитат.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG