Достапни линкови

logo-print

САД го осуди насилството во Пешавар


Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс изјави дека Соединетите американски држави „силно го осудуваат насилството во Пешавар“. Вооружени талибански милитанти детонираа бомба во близина на американскиот козулат во градот, одалечен на 120 километри од Исламбад. Во нападот загинаа шестмина, меѓу кои четворица напаѓачи и двајца припадници на осигурувањето на конзулатот. Од Американската амбасада во Исламбад соопштија дека нападот „ја рефлектира очајноста на терористите кои се одбиени од пакистанскиот народ“. Станува збор за организиран напад, а портпаролот на талибанските милитанти, во изјава за новинските агенции, рече дека САД е непријателот, додавајки дека ќе има нови напади.
XS
SM
MD
LG