Достапни линкови

Коњановски: Македонија е голема во коалицијата за борба против тероризмот


Македонија е мала земја по територија, но голема во коалицијата за борба против тероризмот, изјави денеска министерот за одбрана Зоран Коњановски пред контингентот на АРМ во Баграм. Коњановски ја предводи делегацијата на Армијата на Република Македонија која е во традиционална посета на македонските мировници во мисијата ИСАФ во Авганистан. Министерот заедно со началникот на генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски, покрај посетата на мировниците во Кабул и во Баграм, се сретнаа и со командантот на осумдесет и шестиот пешадиски бригаден борбен тим, Вил Рој и со командантот на Центарот за обука на кампот ЕГЕРС во Кабул. На средбите било разговарано околу обуката и идните активности на припадници на македонската армија.
XS
SM
MD
LG