Достапни линкови

logo-print

Разговори за одбранбена соработка меѓу САД и Казакстан


Министерот за одбрана на Казакстан Абилбек Џаксибеков и американскиот генерал Дејвид Петаеус ќе се сретнат денеска во Астана, јавија руските агенции. Тема на разговорите ќе биде подготовка на петгодишен план за соработка меѓу САД и Казакстан во полето на одбраната. Планот, според се уште непотврдени проценки, ќе вреди десет милиони американски долари. Меѓу другото, во планот за соработка се предвидени и обуки на казакстанските војници во американски воени академии.
XS
SM
MD
LG