Достапни линкови

Талибанците одговорни за бомбашкиот напад во Пешавар


Талибанските милитанти ја презедоа одговорноста за нападот врз американскиот конзулат во Пешавар, во северозападниот дел на Пакистан. Портпарол на талибанците, во изјава за новинската агенција „Ројтерс“, потврди дека милитантите го извршиле нападот во кој загинаа шест лица. Талибанскиот портпарол додаде дека Соединетите држави се непријатели, најавувајки дека ќе има нови напади. Во близина на зградата на конзулатот на САД експлодирал автомобил бомба, по што имало и истрели од огнено оружје, велат очевидци.
XS
SM
MD
LG