Достапни линкови

Високи претставници на ЕУ и САД утре во Сараево


Високи претставници на Европската унија и на САД утре ќе допатуваат во Сараево, каде ќе се сретнат со лидерите на Босна и Херцеговина. Претставниците од ЕУ и Америка, како што јавуваат новинските агенции, ќе побараат прифаќање на декларација која се однесува на уставни измени. Состанокот се одржува во организација на американскиот заменик-државен секретар Џејмс Стајнберг и шефот на шпанската дипломатија Мигел Анхел Моратинос. Декларацијата која утре ќе се понуди е изработена од Шпанија, актуелниот претседавач со Европската унија.
XS
SM
MD
LG