Достапни линкови

Шестмина загинати во бомбашкиот напад во Пешавар


Шестмина загинаа, меѓу кои и двајца вработени во американскиот конзулат во градот Пешавар во северозападниот дел на Пакистан, јавија новинските агенции. Во близина на зградата на конзулатот експлодирал автомобил бомба, по што имало и истрели од огнено оружје, велат очевидци. Американската амбасада во Исламбад потврди дека конзулатот во Пешевар бил нападнат, но за сега нема подетални информации за извршителите на нападот и нивните мотиви.
XS
SM
MD
LG