Достапни линкови

logo-print

Нападнат американскиот конзулат во Пешавар


Американската амбасада во Ислабад потврди дека денеска се случил бомбашки напад во близина на конзулатот на САД во градот Пешавар во северозападниот дел на Пакистан. Портпаролот на амбасадата Ариел Ховард рече дека нема подетални информации за евентуални жртви и повредени, нити пак за извршителите и мотивите за нападот. Според изјави на очевидци, три силни експлозии одекнале во близина на конзулатот, по што имало и истрели од огнено оружје.
XS
SM
MD
LG