Достапни линкови

Хајд Парк – Ваши коментари


Плоштад Македонија
Плоштад Македонија

Тема на неделниот Хајд Парк беше воведувањето на интернет во градските автобуси. Изгледа нашето прашање, почитувани, ве погоди во срцето, барем, според содржината на пораките. Очигледно, градскиот превоз и неговото подобрување е од суштинско, и од животно значење за сите нас.

Изгледа нашето прашање, почитувани, ве погоди во срцето, барем, според содржината на пораките. Очигледно, градскиот превоз и неговото подобрување е од суштинско, би рекла, и од животно значење за сите нас, бидејќи, нели, речиси половината од својот век секој го поминува превезувајки се некаде – со автобус. Особено во Скопје и – оние кои немаат сопствен автомобил, се разбира. Е, сега, нашата дилема, а според пораките и ваша, е дали квалитетни градски возила и хигиена во нив или интернет конекција за да може тетка ми, кога оди во Драчево, попат, и да си сурфа на Интернет, или да си чатува со својата комшика на Фејсбук.

Јоле од Скопје пишува дека поголема будалаштина досега нема чуено, а Џони од Валандово, прашува: „Шо ви фали браќа скопјани, уште да ви дадат да пушите по автобуси и мерак – сурфај и пуши на сите страни!“. Билјана од Скопје вели дека идејата во принцип е ОК, ама „пак некако почнуваме да градиме од покривот“, па прашува: „Да не фали темел во градбава?“. Горан Ф. во нашиот Хајд парк пишува: „Да не е жално, би било смешно. Сега ми е јасно зошто јавниот превоз е под секое цивилизирано ниво. Очигледно дека со ЈСП раководат многу нестручни лица на кои, по оваа нивна иницијатива, се гледа дека не им е јасно што треба да направат за да го зголемат користењето на јавниот превоз од страна на граѓаните“. Па, потоа Горан Ф. дава два предлога кога ќе може да се инсталира безжичен интернет во скопските автобуси: „Кога ќе се набават нови автобуси, внатре чисти без издувни гасови од нив самите и кога со нив ќе управуваат возачи кои нема по улиците да се тркаат и кои нема да бидат невротични, и кога на секоја постојка ќе има табли со точното време на движењето на автобусот…“.

Александар, пак, од Скопје наведува дури 10 точки кога би требало да се воведе интернетот во градскиот превоз. Времето не ми дозволува да ги наведам сите 10 точки, но еве само две: „Да се инсталира бежичен интернет“, пишува Александар, кога „во автобусите нема да пробива промаја и кога нема да протекуваат дождови, тогаш да има сајбер-интернет за нашите пензионери“, алудирајќи веројатно на одлуката на владата во петоците пензионерите да се возат бесплатно. Последната порака во Хајд паркот е од некој Пепи од Битола, кој вели: „Аман, се ви смета од оваа власт“, и извикува: „Да живее ВајФај Македонија!“.

Почитувани, има пристигнато многу ваши рекации на информациите за наводното преземање на неколку скопски џамии од страна на вахабитите, што, очигледно е тема која ве тангира. Во принцип сите од вас сметате дека новинарот измислува зашто е платен, а јас додавам, а кој друг, ако не новинарот, а иронијата ми ја сфаќате, нели, и дека тоа се измислици за да се дестабилизира државава за полесно да потклекнела на притисоците за името.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG