Достапни линкови

logo-print

Релативизација на злосторствата


БиХ - Протест на жените во Сребреница

БиХ - Протест на жените во Сребреница

Партиите во Република Српска, кои, имаат спротивставени идеологии, од друга страна имаа слични ставови за Радован Караџиќ и судскиот процес против него во Трибуналот на Обединетите Нации за воени злосторства во Хаг. Заеднички именител е релативизација на кривични дела.

Во босанскиот ентитет Република Српска, како што јавува нашиот дописник Маја Бјелајац, како да се обидуваат да ги релативизираат кривичните дела за кои во Трибуналот во Хаг му се суди не некогашниот лидер на босанските срби Радован Караџиќ.
Премиерот на Република Српска и лидер на Алијансата на независните социјалдемократи Милорад Додик пред да дојде на власт, беше меѓу најгласните противници на режимот на Караџиќ и неговата идеологија. Денес, пак, тој повеќе зборува за стереотпите кон Србите.

„Значаен дел од вкупните случувања на овие простори се стереотипите дека само српските водачи и Србите се виновни. Се разбира, јас не ги делам тој став, иако мислам дека секој што бил вклучен во каков било криминал или политичка поддршка на тој криминал, како Ганиќ и Караџиќ, треба да одговара пред судовите.“

Најголемиот противник на Додик, претседателот на Српската радикална партија Миланко Михајлица, овој пат има слично мислење, односно дека Караџиќ пред Трибуналот ќе даде една нова слика на војната во Босна и Херцеговина.

„Сигурен сум дека во врска со Сребреница, за ситуацијата во Сараево, и за многу други настани од војната, Караџиќ може да понуди сосема нови и непознати факти, кои во значајна мерка можат да создадат вистинска слика на случувањата без предрасуди.“
Во Република Српска нема минимум воља за отргнување од идеологијата што доведе до воени злосторства.

За Бранко Тодоровиќ, извршен директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Српска, овие ставови се вулгаризирање на дневната политика која нема визија за Босна и Херцеговина и однос кон кривични дела за кои се товари Радован Караџиќ.

„Во Република Српска нема минимум волја за вистински да се отргнеме од идеологијата што доведе до воени злосторства и етничко чистење. Вистински да се соочиме со злосторствата што се извршени и да изразиме солидарност со жртвите.“

Политичкото мислење во овој босански ентитет, според аналитичарите, дури и 15 години по војната, останува на нивото на воздржаност од осуда на криминалот во своите редови, и повторно играње на националната карта.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG