Достапни линкови

Спасени работници од поплавениот рудник во Кина


Спасувачките екипи извлекле уште четворица преживеани работници од поплавениот кинески рудник Вангјиалинг во северниот дел на земјата, јавува кинеската државна телевизија. Рано утрово спасувачите извлекоа уште 9 живи рудари. Спасените рудари веднаш биле префрлени во болница. Тие беа дел од 153-цата заробени рудари кои во рудникот се наоѓаат од 28 март. Околу 3000 спасувачи се обидуваатда ги извлечат заробените работници, но велат дека условите во рудникот станале комплицирани. Се очекува од рудникот да бидат извлечени уште 90 преживеани работници.
XS
SM
MD
LG