Достапни линкови

НАТО виновни за смртта на 5 цивили во Авганистан


НАТО-силите признале дека во февруари годинава во југоисточниот дел на Авганистан, убиле петмина авганистански цивили, од кои три биле жени. Во соопштението на алијансата се вели дека "меѓународните сили“ се одговорни за смртта на цивилите. НАТО силите ги убиле цивилите при напад на една куќа во која имало бунтовник. Тие пукале кон двајцата мажи бидејќи имале оружје но подоцна се потврдило дека тие не се бунтовници. Претходно НАТО соопшти дека жените ги нашле убиени, но подоцна признале дека тоа не е точно.

XS
SM
MD
LG