Достапни линкови

logo-print

Познат идентитетот и на вториот напаѓач на метрото во Москва?


Еден руски весник ја пренесува изјавата на еден човек кој вели дека една од жените самоубијци кои ги поставија бомбите во метрото во Москва, може да енеговата ќерка. Според човекот на фотографијата на жените самоубијци, една од нив личела на неговата ѓерка, 28 годишна наставничка по име Мариам Шарилова. Човекот изјавил дека жената на фотографијата носела иста црвена шамија како неговата ќерка кога ја видел за последен пат . Жената исчезнала од нејзиниот дом во јужниот дел на провинција Дагестан еден ден пред нападите на 29 март . При нападот на метрото во Москва од страна на две жени самоубијци загинаа 40 луѓе. Иследниците идентификуваа една од напаѓачките како 17-годишна вдовица на еден исламски милитант, исто така од Дагестан.
XS
SM
MD
LG