Достапни линкови

Бан Ки Мун во посета на Узбекистан


Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, денеска ќе се сретне со претседатот на Узбекистан , Ислам Каримов, кој
е на чело на земјата од 1991, по распадот на Советскиот Сојуз. Посетата на Бан Ки Мун доаѓа по објавувањето на неодамнешниот извештај за човекови права во кој се критикува Узбекистан и се повикува да спроведе целосна истрага за бруталното задушување на немирите во градот Андијан, во 2005-та. Опозицијата и групите за човекови права тврдат дека стотици луѓе биле убиени, но властите инсистираат на тоа дека извештаите се претерани и ги отфрлаат сите критики.Бан Ки Мун е на турнеја низ Централна Азија, негова прва посета на овој регион откако е на чело на ОН.
XS
SM
MD
LG