Достапни линкови

Малолетничките бракови и понатаму актуелни


Дебар

Дебар

Во општина Дебар и понатаму е актуелна појавата на малотетнички бракови. И покрај тоа што има благо опаѓање на овој вид на бракови, сепак во споредба со вкупниот број на склучени бракови, околу една третина од нив се малолетнички.

Појавата е присутна како во градот така и во селските населби, а во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Дебар оваа појава се оценува како загрижувачка.

,,Минатата година во нашиот Центар се евидентирани 38 малолетнички бракови, кои посетиле предбрачно советување, од кои дури 36
Нашатата улога е на малолетниците кои влегуваат во брак да им се укаже на последиците кои произлегуваат од малолетничките бракови
малолетници се од жеснкиот пол. Во споредба пак со 2008 година бројот е нешто намален, но сепак појавата како таква е присутна и има нагласени диманзии“, истакнува одговорниот социјален работник по проблематиката во семејствата Исмаил Мерсимовски.

Оваа проблематика се анализира од страна на посебна екипа во Центарот за Социјални работи. Во овој Центар воедно во согласност со законот се врши и советодавната улога за лицата кои се малолетници и влегуваат во брак.

,,Нашатата улога е на малолетниците кои влегуваат во брак да им се укаже на последиците кои произлегуваат од малолетничките бракови. Фактички ние вршиме советодавна улога со цел да се подготват подобро за проблемите кои потоа може да се јават во нивниот брак“, подвлекува Мерсимовски.
Минатата година во нашиот Центар се евидентирани 38 малолетнички бракови.


Малолетничките бракови според податоците на Центарот за Социјални работи се присутни кај сите етнички заедници кои живеат во општината и ги има од сите социјални структури. Со цел да се намали бројот на малолетнички бракови во изминатите години во Дебар повеќе невладини организации во соработка со Центарот за Социјални работи, но и самостојно реализираа бројни проекти особено за објаснување на последниците кај младите од прераниото влегување во брак, како што се разводите, социјалните проблеми, но и здраствените проблеми. Анализите на здруженијата говорат дека ефектите биле незначителни.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG