Достапни линкови

logo-print

Карзаи: Нема воени операции без дозвола од локалните лидери


Нема да има воени операции без дозвола од локалните власти, рече претседателот на Авганистан Хамид Карзаи во своето обраќање пред две илјади службеници и локални лидери во Кандахар. Карзаи, заедно со американскиот генерал Стенли Мекристал, денеска го посети југот на Авганистан со цел да побара подршка од локалните власти за заедничката воена иницијатива на САД и Нато. Се верува дека талибанските милитанти се распределени во оваа област. Американскиот претседател Барак Обама најави распределување на близу триесет илјади војници во реонот кои ќе им се спротистават на талибанците. За сега не се познати датумите за почеток на воената офанзива и се уште не се знае дали претседателот Карзаи ќе го има последниот збор за ова прашање.
XS
SM
MD
LG