Достапни линкови

Повеќе од половина од жителите на општина Пласница заминале во странство во потрага по подобар живот, тврди градоначалникот на општината Исмаил Јаоски. Градоначалникот вели дека причина за масовните иселувања е тоа што општината се наоѓа во многу тешка состојба, со лоша инфраструктура и голема невработеност меѓу населението.

За неполни два месеца повеќе од половина жители во Општина Пласница заминале со своите семејства во странство-тврди градоначалникот Исмаил Јаоски, и потенцира дека овој масовен процес на емиграција е последица на фактот што сите граѓани се чувствуваат дискриминирани, заборавени од институциите и од државата. Во Општина Пласница според пописот живеат околу 6000, но според Јаоски сега едвај останале половината жители. Сите масовно ги продаваат своите имоти и заминуваат на печалба во странство, продолжувајќи ја, со надеж борбата за подобар живот. Во Пласница не работи ниту еден стопански капацитет, никој не е вработен, сите живеат од земјоделство, но годинава со поплавите целиот род им остана по нивите. Поради со децении нерешените
Општина Пласница е единствена општина во Македонија и пошироко со 99 % невработеност. А, да не зборувам во државни институции вработени се 0,001 отсто. Значи имаме долгови за струјата, ете за улично осветлување сме до гуша заглавени, да не зборувам за други долгови
крупни комунални проблеми жителите стравуваат дека мостот пред селото Пласница ќе се урне, дека следниот дожд ќе им ги поплави патиштата...А, општината како што вели градоначалникот, иако има желба, нема можност да им помогне на граѓаните.

,,Единствена општина сме во Македонија, која мислам дека треба да оди во стечај. Општина Пласница е со минимален буџет, најмал во Репубика Македонија досега. Други средства Општина Пласница нема.Буџетот за 6500 жители беше 220 000 денари месечен односно 2,8 милиона годишен. Сега е зголемен во 2010 на 3,7 милиона денари, меѓутоа тој буџет, е само плата.Досега дури бевме минус со платите.“

Градоначалникот е револтиран затоа што како што вели државата воопшто не вложува во општината, која се наоѓа на маргините во сечија агенда.

,,Општина Пласница е единствена општина во Македонија и пошироко со 99 % невработеност. А, да не зборувам во државни институции вработени се 0,001 отсто. Значи имаме долгови за струјата, за зградава немаме ни платени, ни телефон не можеме да платиме, ниту пак можеме да платиме, ете за улично осветлување сме до гуша заглавени, да не зборувам за други долгови.“

И покрај бројните молби до Владата и одделни министерства, и покрај подготвените низа проекти, освен вербален одговор, конкретна акција нема.
Решение има за секој проблем смета Јаоски, но надлежните треба да преземат итни мерки, за да може чекор по чекор да се подобри животот во општината. Во спротивно демне сериозна закана, животот во општината целосно да замре.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG