Достапни линкови

Велигденски честитки од македонскиот државен врв


Претставниците на македонскиот државен врв им го честитаа Велигден на сите верници. Шефот на државата посака празничните денови а верниците да им поминат во мир и слога. „Празниците да им донесат духовен и сеопшт мир. Да бидат сплотени, да бидат заедно како со своите пријатели, така и со своите роднини“ рече претседателот Ѓорѓе Иванов. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски им посака на сите граѓани здравје, среќа, успех и економски просперитет. Честитки упати и премиерот Никола Груевски. „На сите граѓани на државата да им посакам многу здравје, многу среќа, успеси и многу сила да ги поминеме сите потешкотии што доаѓаат. Здружени сме секогаш посилни“ изјави Груевски
XS
SM
MD
LG