Достапни линкови

Кардинал на католичката црква ги осуди „ништожните оговарања“


Црквата нема да се обесхрабри од „ништожните оговарања“ поврзани со педофилскиот скандал, изјави кардиналот на католичката црква Ангело Содано. Божјите луѓе се со Светиот отец и нема да дозволат озборувањата да им влијаат, додаде Содано. Аналитичарите коментираат дека забелешките на кардиналот се доказ дека притисокот врз Ватикан за сексуалниот скандал се зголемува. Инаку, Папата Бенедикт шеснаесетти денеска го одржа традиционалниот говор „урби ет орби“, имено „за градот и за светот“. Осврнувајки се на прашања и проблеми кои го мачат светот, првиот човек на католичката црква не ги спомена обвинувањата за педофилија на адреса на Ватикан.
XS
SM
MD
LG