Достапни линкови

Триесетмина загинати и стотина повредени во Багдад


Бројот на загинати во денешните бомбашки напади во Багдад се искачи на 30 лица а стотина лица се повредени. Новинските агенции пренесуваат дека цел на нападите биле дипломатски претставништва. Ирачката полиција и безбедносните сили очекуваат дека бројот на загинати ќе расте. Експлозиите ги предизвикале три автомобили бомби паркирани во центарот на главниот град на Ирак. Бомбите експлодирале во близина на Иранската амбасада, амбасадата на Египет и резиденцијата на германскиот амбасадор. Ова е петти координиран бомбашки напад од август минатата година.
XS
SM
MD
LG