Достапни линкови

Иран ќе организира конференција за нуклеарно разоружување


Иранските власти денеска ги официјализираа плановите за одржување на конференција за нуклеарно разоружување во втората половина на април. Државната новинска агенција ИРНА ја пренесува изјавата на главниот нуклеарен преговарач Саед Џалили дека „Кинезите ја поздравиле иницијативата и ќе присуствуваат на конференцијата“. Настанот е закажан за седумнаесетти и осумнаесетти овој месец. Кина, членка на Безбедносниот совет при Обединетите нации, се противеше на иницијативата за построги санкции за официјален Техеран поради иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG