Достапни линкови

Убијците од Суфиа лажно се претставиле како американски војници


Вооружените лица кои убија дваесет и четворица жители на ирачкото село Суфиа лажно се претставиле како американски војници, рече денеска портпаролот на Ирачките безбедносни сили Генерал Касим Ата. Насилниците биле облечени во униформи и неколкумина од нив зборувале англиски со цел да остават впечаток дека се американски војници. До сега 25 лица се уапсени под сомнение за инволвираност во инцидентот кој се случи во петокот. Ирачките власти ја обвинија терористичката Ал Каеда за убиствата.
XS
SM
MD
LG