Достапни линкови

Бан Ки Мун се сретна со премиерот и претседателот на Киргистан


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изјави дека имал конструктивни разговори со претседателот и со премиерот на Киргистан. По средбата со претседателот Курман Бакиев и премиерот Карибек Сарабиев, генералниот секретар на ОН рече дека разговорите се фокусирале на регионални и глобални прашања а станало збор и за тековната соработка меѓу земјата и ОН. Како што јавија новинските агенции, Бан исто така изразил загриженост за слободата не медиумите во земјата. Неколку дена пред неговата посета, киргистанските власти затворија локална телевизиска станица откако им ја конфискувале опремата.
XS
SM
MD
LG