Достапни линкови

НАТО: Германските трупи убиле петмина афганистански војници


НАТО Алијансата потврди дека гермнските воени сили убиле петмина авганистански војници. Во соопштението на алијансата се наведува дека инцидентот се случил откако германските војници приметиле две необележани возила, кои не застанале на контролниот пункт во провинцијата Кундуз. Инцидентот се случил неколку часа откако германците биле нападнати од бунтовници. Претходно гувернерот на провинцијата Кундуз, Мухамед Омар изјави дека германските војници убиле шестмина припадници на авганистанските воени сили. Германската команда го потврди инцидентот.
XS
SM
MD
LG