Достапни линкови

Светскиот притисок само ја зголемува решеноста на Иран


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави денеска дека светскиот притисок врз Иран само ја прави таа земја порешителна да истрае во развивањето на својата нуклеарна програма. Во телевизиското обраќање Ахмадинеџад оцени дека американскиот претседател Барак Обама не ги исполнил ветувањата за вистински промени во односите меѓу двете земји. Обама иницираше серија дипломатски обиди за преговори, но во последно време Вашингтон повика на нови санкции врз Иран затоа што ги отфрла меѓународните барања да го запре збогатувањето ураниум.
XS
SM
MD
LG