Достапни линкови

Германски сили убиле шест авганистански војници


Германските сили на еден контролен пункт во провинцијата Кундуз, мислејќи дека станува збор за бунтовници, убиле шестмина авганистански војници. Гувернерот на провинцијата Мухамед Омар изјави дека авганистанските војници се враќале од една воена мисија. Германската команда го потврди инцидентот, објанувајќи дека војниците биле во цивилни автомобили и не запреле на контролниот пункт.
XS
SM
MD
LG