Достапни линкови

Путин на разговори со Чавез и Моралес


Рускиот премиер Владимир Путин во Каракас разговараше со претседателите на Венецуела Уго Чавез и на Боливија Ево Моралес за продлабочување на соработката меѓу Русија и двете јужноамерикански држави. Путин вчера пристигна во главниот град на Венецуела, со последните четири руски воени транспортни хеликоптери од 38 те што ги купи таа земја. Чавез изјави дека Русија и понудила помош на Венецуела да отвори сопствена вселенска индустрија и да развие нуклеарна енергија. Исто така била договорена заедничка фирма за експлоатација на нафтата во регионот на реката Ориноко. Моралес пак, побарал од Путин заем за купување хеликоптери во борбата против шверцот со дрога во Боливија.
XS
SM
MD
LG