Достапни линкови

Македонија има видливи слабости кога се работи за транспарентност и отчетност во работењето на државните институции, е оценката во скоро сите извештаи на странските институции. Иако има напредок, корупцијата сеуште е присутна и често се наведува како една од причините за недостиг на странски инвестиции, за проблемите во судството и во јавната администрација. Борбата против корупцијата мора да биде фронтална, велат експертите.

Си бил еден доктор познат по тоа дека за одредена сума пари може да ти потпише решение со кое можеш да добиеш инвалидска пензија. Отишол еднаш кај него еден човек, рудар по професија , кој бил болен и побарал докторот да му направи услуга да го потпише решението, а тој за тоа ќе си плати. Платил човекот, а докторот побарал и теле. И како што се договориле докторот добил пари и теле, ама рударот не добил пензија. Кога отишол да се побуни, докторот се правел дека не го познава. Ама јас сум тој што ви донесе и теле, рекол човекот. На тоа докторот му одговорил и вол да ми донесеше јас ќе го изедев. Овој настан кој се случил пред повеќе од 15 години, често ми го раскажува татко ми кога корупција ни е тема на разговор. Тогаш човекот ниту знаел дека тоа е корупција, ниту знаел каде да ја пријави. Денеска има невладини организации, државни институции во кои луѓето можат за пријават ако некој од нив побара пари или услуга кои спаѓаат во доменот на корупцијата. Но, и покрај сите напори во борбата против корупцијата, луѓето се уште на оваа појава гледаат како на нешто природно, нешто без кое тешко се стенкнуваат одредени добра, нешто кое станала дел од културата на живеење. Па така ретко кој гледа нешто лошо во тоа да му однесеш виски и бомбониера на докторотот после успешно извршена операција, или пак на тоа да ја побараш пријателката на тетка ти која работи во болница да те внесе по споредниот влез за да не чекаш ред, или далечниот роднина кој ти должи услуга да те вработи во државна институција, професорот да ти побара некое евро за да не те „бутне„ на испит, можеби да купиш книга за да добиеш поголема оценка. Луѓето кои ние ги анкетиравме велат дека корупција има насекаде.

,,Секаде во секој сектор.“

,,Има, се случува секаде.“
Корупција каде ќе стигнеш има, секаде бараат пари.


,,Највеќе корупција во државната администрација.“

,,Корупција каде ќе стигнеш има, секаде бараат пари.“

Државната администрација и здравството најкорумпирани?

Луѓето велат дека најчесто им бараат пари, за да им се заврши некоја работа за која инаку не треба ниту да се плаќа ниту да се чека со години како што чекале тие:

,,Во социјално, во биро за вработување. Тука сум роден, а уште немам здравствено осигурување.“

,,Во здравството, во примарното здравство пред се има корупција.“

,,Мене не ми побарале, ама тоа е држава, од каде ќе ти дадат, ако не земат.“

Социолозите велат дека луѓето се „изгубени и покорни“, па затоа институциите тоа го искористуваат .
Немоќта каде човекот да ги истера своите права, како да дојде до реализација на тоа што во нормални држави би требало да биде обврска на тие институции, го прават да ја ,,свитка кичмата“ пред шалтерите да се наведне до крај за да ги види лицата таму

,,Немоќта каде човекот да ги истера своите права, како да дојде до реализација на тоа што во нормални држави би требало да биде обврска на тие институции, го прават да ја ,,свитка кичмата“ пред шалтерите да се наведне до крај за да ги види лицата таму“, вели социологот Христо Карталов.

Тој вели дека таквото однесување на институциите е начин на владеење со еден народ, кој е карактеристичен за земји со млада демократија. Луѓето кои се занимаваат со борбата против корупцијата, било да се дел од граѓанскиот сектор или пак членови на Државанта антикорупциска велат дека луѓето се почето пријавуваат случаи на корупција и мито, но дека сеуште се плашат тоа да го кажат јавно. Во изминатите години имаше повеќе кампањи со кои лугето се повикуваа да пријават корупција, да и казат „НЕ“ да и „свирнат “ на Владата ако знаат за некој случај на корупција, да се јавуваат на бесплатни броеви и да пријавуваат, со што би се овозможил „фер натпревар„, со што „Македонија би станала подобро место за живеење„ .Сето тоа вродило со плод, луѓето се јавуваат, пријавуваат, велат луѓето од организаците за борба против корупцијата, но тоа не е доволно.

,,Кога правевме истражување, кога ги прашувавме граѓаните зошто не пријавуваат, нивниот одговор беше ,,а што ќе се смени со тоа, ништо нема да се промени.“ Значи, повторно граѓаните губат доверба во институциите“, вели Слаѓана Тасева од „Транспарентност нулта корупција“.

Граѓаните се плашат да пријават корупција

Сашо Ордановски од Транспарентност Македонија, вели дека таквите кампањи повеќе се прават за да се смени перцепцијата за корупцијата, а не да се постигнат суштински промени.

,,Значи, оваа влада покажа дека е особено вешта во менување на перцепцијата, а не во суштинските состојби во кои што имаме значителни влошувања во повеќе области во однос на корупцијата, нетранспарентноста, судирот на интереси итн, откога е дојдена оваа влада.“
Тешко на таа држава која што евентуално ќе смета и ќе мисли дека борбата против корупцијата може да се потпира само на еден човек, само на една институција. Борбата против корупцијата конечно сите треба да сватат дека почнува од самите себе си, од секој граѓанин. Значи борбата против корупцијата треба да биде фронтална, со заеднички сили на сите нас


Новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупција, Илми Селами вели дека кампањите влијаат да има повеќе пријави, да се информираат граѓаните како да се борат против корупцијата, но Селими вели дека треба да се изнајдат и други начини.

,,Тешко на таа држава која што евентуално ќе смета и ќе мисли дека борбата против корупцијата може да се потпира само на еден човек, само на една институција. Борбата против корупцијата конечно сите треба да сватат дека почнува од самите себе си, од секој граѓанин. Значи борбата против корупцијата треба да биде фронтална, со заеднички сили на сите нас.“

Корупцијата бара фронтална борба

Социологот Христо Карталов пак вели дека луѓето изгубиле доверба во институциите, па затоа се плашат да пријавуваат корупција и други слични видови на злоупотреба на нивните права.

,,Треба да се организираат за да го изразат својот револт, но нашиот граѓанин тоа не го прави, тој е послушен, покорен, тој е човек што трпи, што пати.“

Споредено со пред 10 години, Македонија напреднала во борбата против корупцијата, велат лугето од граѓанскиот сектор за справување со корупцијата. Слаѓана Тасева вели дека Македонија брзо напредувала во борбата против корупцијата. За неколку години од 105 до 71 место на листата на перцепција на корупцијата. Но, ако во минатите години тие скокови биле поголеми, минатата во споредба со предминатата, земјата направила исчекор само за едно место.

,,Значи, можеме тоа да го толкуваме како стагнација, дека во борбата против корупцијата имаме некаков застој ќе видиме како тоа ќе се прикаже на наредниот индекс.“

Македонија бележи напредок, но треба уште работа

И Илми Селами вели дека Македонија напреднала во бората против корупцијата, но дека треба уште многу да се направи за да може да се каже дека во земјата нема корупција.

,,Никогаш не е доста, наша тенденција, наша интенција, на секој од граѓаните, па и на Комисијата за спречување на корупцијата е да ја видат Макеоднија на чело на таа табела каде што ќе биде во групата на држави со најмалку корупција.“
Никогаш не е доста, наша тенденција, наша интенција, на секој од граѓаните, па и на Комисијата за спречување на корупцијата е да ја видат Макеоднија на чело на таа табела каде што ќе биде во групата на држави со најмалку корупција.


Поранешниот член на антикорупциска, адвокатот Драган Малиновски вели дека во земјата е поставена рамка за борба против корупцијата, но дека неможе да се зборува и за резултати, Причината зошто тоа е така, тој ја лоцира во отсуство на политичката воља.

,,Граѓанинот се однесува онака како што институциите на системот создаваат амбиент да се однесува и ако едноставно граѓаниот почувствува дека за некои ситни поткупувања, подмитувања полесно може да ја заврши работата тогаш тој ќе посегне по тоа. Не треба да правиме илузија дека граѓанинот како поединец ќе си го стави својот личен интерес за да опонира на нешто што функционира и што неможе да го промени.“

Експерите се согласуваат дека има уште многу работа за да се справат со корупцијата, но велат дека власта не им помага многу.

,,Тие со нас соработуваат тогаш кога ние ќе побараме информација, кога ќе укажеме на одреден проблем нема никаква реакција во смисла на корегираните недостатоци. Значи си тераат по свое, да кажам на кратко“, вели Слагана Тасева.

И Карталов не е преголем оптимист дека земјата може во скоро време да излезе од групата на земји во кои „цути“ корупцијата:

,,Јас немам илузија дека таа работа брзо ќе се смени, напротив функционирањето на институциите кои што вршат некои дејности за граѓаните е на најнискиот приоритет во државата.“

Македонија има видливи слабости кога се работи за транспарентност и отчетност во работењето на државните институции, е оценката во скоро сите извештаи на странските институции. Корупцијата се наведува како една од причините за недостиг на странски инвестиции, за проблемите во судството и во јавната администрација. Невладините организации повикуваат на поголема транспарентност при работењето на државните институции со што би с енамалила корупцијата. Нема држава која останала поштедена од корупцијата, таа како болест е насекаде, лек конкретно нема, но превентива и воведување на механизми како да се зајакне системот, зголемувањето на професионализмот на јавната администрацијата и именуваните функционери е единствениот рецепт, посочуваат антирорупционерите. Тие велат дека во таканаречениот „антикорупциски танц“ мора да се вклучат сите, и граѓаните и институциите и да се дејствува, а не само да се зборува за да не биде танцот само вртење во круг.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG