Достапни линкови

МВР сега само препорачува ПП апарати за патничките возила


Поголема либерализација при изборот и големината на противпожарните апарати предвидуваат измените на Правилникот за задолжителна опрема на возилата кон кои пристапи Министерството за внатрешни работи. Со измените наместо како обврска, на возачите ќе им се препорача да поседуваат противпожарен апарат.
Овие измени ќе се однесуваат само во однос на поседувањето на противпожарни апарати во категоријата на патнички моторни возила, односно возилата за кои беа предвидени противпожарни апарати со тежина до два килограми, се наведува во соопштението од МВР.
Одлуката за изменување на веќе донесениот Правилник за задолжителна опрема, се наведува во соопштението, е донесена по консултациите со Дирекцијата за заштита и спасување околу издржаноста и критериумите според кои во 2005 година е донесен Правилникот за избор на видови и количините на противпожарни апарати со кои треба да располагаат правните лица и граѓаните.
XS
SM
MD
LG