Достапни линкови

Дел од ирачаните се изјаснуваат за нов премиер


Подржувачите на анти-американскиот ирачки верски лидер Моктада Ал Садр денеска и утре гласаат на референдум за тоа кој ќе биде нов премиер на Ирак. Овој референдум не е легален, но на таков начин Ал Садр сака да го спречи актуелниот премиер Нури Ал Малики да остане на функцијата. На парламентарните избори во ИРак, што се одржаа на 7-ми март, блокот на Ајад Алави освои две места повеќе во Парламентот, но не може да формира Влада. На Ал Малики, кој не е популарен кај приврзаниците на Ал Садр, му е потребна подршката од шиитите за да остане премиер.
XS
SM
MD
LG