Достапни линкови

Македонскиот туризам преставен на Косово


Македонската туристичка понуда деновиве својот потенцијал го претставува на Саем во Приштина. На штандот „Macedonia Timeless“ e претставен културниот и езерскиот потенцијал на Македонија.
Преку непосредни контакти со туроператорите од Косово се презентирани субвенциите што Македонија ги предвиде за странските туристи. Од Агенцијата за поддршка на туризмот тврдат дека спротивно на песимистичките најави на охридските туристички работници, заинтересираноста за туристички аранжмани за Македонија и посебно за Охрид и Струга е голема, а остварени се и бројни контакти на македонските туристички работници со нивни партнери од Косово.
XS
SM
MD
LG