Достапни линкови

ММФ - Грција засега не бара помош.


Меѓународниот монетарен фонд одблизу ја следи економската криза во Грција и е подготвен да се вмеша, изјавија претставници на Фондот наведувајки дека засега Грција не сака помош, Главното прашање на седницата на Управата на ММФ било дали Грција ќе се обрати кон Фондот за помош и оти одговорот бил негативен.
Во меѓувреме, грчкиот весник „Вима“ соопшти дека Владата во Атина активирала неискористен пакет од 2008 година банкарски гаранции во износ од 15,5 милијарди евра, за да бидат отворени кредитни линии за финансирање на економијата. Четири големи грчки банки - Националната, Алфабанк, Јуробанк и Пиреос банк, вчера официјално побарале од Министерството за финансии и централната банка да ги искористат гаранциите на државата, за да земат заем од Европската централна банка.
XS
SM
MD
LG