Достапни линкови

Дајмлер виновен за корупција - 185 милиони долари казна


Германскиот автопроизводител Дајмлер се изјасни како виновен по обвиненијата за корупција во САД и се согласи да плати парична казна од 185 милиони долари.
Дајмлер беше обвинет дека ги прекршил американските закони за поткуп со тоа што, во периодот од 1998 до 2008 година, им плаќал десетици милиони долари на функционери во најмалку 22 држави, за да си обезбеди финансиски исплатливи договори со владите. Меѓу посочените држави се и Русија, Кина, Турција, Египет, Ирак, Хрватска, Србија, Црна Гора, Туркменистан и Узбекистан.
XS
SM
MD
LG