Достапни линкови

Распопени свештеници одат по домовите на битолчани и крштеваат вода, предупредија од Преспанско-пелагониската епархија. Лажните попови тропаат по вратите на верниците пред големите христијански празници Божиќ и Велигден, а услугата ја наплаќаат.

Распопени свештеници одат по домовите на битолчани и крштеваат вода, предупредија од Преспанско-пелагониската епархија. Од таму велат дека ваквото однесување се провлекува со години и дека лажните попови тропаат по вратите на верниците пред големите
Мислам дека тука треба да се покаже правната држава, и судовите, и полицијата. Да се обидеме ќе мораме уште еднаш да видиме што можиме да сториме преку граѓанските судови. Но, очигледно дека досега ниедна власт, ни поранешната, ни сегашната не направија ништо да се спречат тие да не делуваат
христијански празници Божиќ и Велигден, а услугата ја наплаќаат.

„Мислам дека тука треба да се покаже правната држава, и судовите, и полицијата. Да се обидеме ќе мораме уште еднаш да видиме што можиме да сториме преку граѓанските судови. Но, очигледно дека досега ниедна власт, ни поранешната, ни сегашната не направија ништо да се спречат тие да не делуваат“, изјави владиката Петар.

На епархијата и се познати две лица кои порано биле во редовите на МПЦ и поради одредени проблеми биле исклучени, но се уште се облекуваат како попови и вршат верски обреди по домовите на верниците. Со ова, вели владиката, тие се нелојална конкуренција на црквата зашто им ја земаат работата на другите свештеници.

„Преку УЈП да ги товарат со даноци тогаш тие ќе престанат да го прават тоа. Како можат да им конкурираат. На пример, ете некој има претпријатие и некој без да се регистрира му ја зема работата, овој има право да го пријави и власта има право да го земе на одговорност. Овде е иста работата. Тие им конкурираат со земање на средства од приходите на свештениците.“

Владиката Петар коментира дека распопените не се оданочуваат, а данок се бара и од свештениците кои работат во сиромашни краишта и одвај заработуваат за живот.

„И Управа за приходи не ги ослободуваат свештениците кои извршуваат активна служба и се во тешка економска положба и по однос на долгот што го должат, на пример отец Илија Лажовски во Мариово, кој во цела година има една или две крштевски и осум погреби до десет, никакви други приходи нема. Тие го задолжувале на голема сума. Не можете да го задолжувате некој што нема приходи да плаќа огромна сума, а некој што има големи приходи да не плаќа никаква сума“
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG