Достапни линкови

Медведев најави зајакнати антитерористички мерки


Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска најави зајакнување на мерките во борбата против тероризмот по серијата самоубиствени напади во Русија во кои деновиве загинаа повеќе од 50 луѓе. Тој за време на ненадејната посета на Дагестан изјави дека таквите мерки треба да бидат проследени и со финансиска помош за развој на економијата и за намалување на корупцијата и невработесноста во регионот. Медведев додаде дека многу руски тајкуни кои потекнуваат од Северeн Кавказ би требало повеќе да инвестираат во тој регион.
XS
SM
MD
LG