Достапни линкови

Консултации меѓу македонското и косовското МНР


Денеска во Скопје беа одржани политички консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и на Косово. Во соопштението на македонското министерство се наведува дека на консултациите кои биле на ниво на држави секретари двете страни изразиле задоволство од позитивниот развој на билатералните односи во сите области од заемен интерес. Се разговарало и за модернизацијата на постоечките гранични премини меѓу Македонија и Косово, како и за завршување на сите потребни активности за отворање на нови гранични премини за кои има барање од месното население.
XS
SM
MD
LG