Достапни линкови

logo-print

Хрватска е за брз влез на земјите од регионот во НАТО


Надворешно политичката позиција на Хрватска зајакна со нејзиниот влез во НАТО, а нејзините идеи и интереси поuспешно се профилираат во меѓународните форуми. Ова денеска во Загреб го изјави државниот секретар во министерството за надворешни работи Давор Божиновиќ по повод годишнината од влегувањето на Хрватска во Алијансата. Тој додаде дека национален и стратегиски интерес на Хрватска е што побрзото проширување на НАТО со Босна, Црна Гора и Македонија кога, како што изјави, ќе го реши спорот со Грција околу името.
XS
SM
MD
LG