Достапни линкови

Софија - Уапсен екс-министерот за одбрана Цонев


Поранешниот бугарски министер за одбрана Николај Цонев денеска бил уапсен под сомневање дека му дал мито на еден судија за да ја прекине истрaгата против него. Неименуван службеник на министерството за одбрана бил уапсен во моментот кога на судијата му давал 20 илјади евра што му ги пратил екс министерот Цонев. Toj во ноември лани е обвинет за злоупотреба на функцијата кога нарачал многу скапа воена опрема од една американска фирма.
XS
SM
MD
LG