Достапни линкови

logo-print

Во Индија почна најголемиот попис во светот


Во Индија денеска започна пописот на населението кое брои над милијарда жители. Ќе го спроведуваат околу 2 ипол милиони попишувачи кои во наредниве единаесет месеци треба да влезат во секој дом во повеќе од 5 илјади градови и 630 илјади села. Сето ова го прави овој попис најголем во светот. Пописот се спроведува на секои 10 години, а за прв пат од луѓето ќе се бара одговор и за нивната уптреба на мобилните телефони и интернетот.
XS
SM
MD
LG